Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДАЛИ ВЛАДАТА ИМА ПЛАН ДА ГИ ЗАШТИТИ ГРАЃАНИТЕ АКО РИПНЕ НАФТАТА НАД 100 ДОЛАРИ?“ Чупеска со прашања за актуелните случувања

„ДАЛИ ВЛАДАТА ИМА ПЛАН ДА ГИ ЗАШТИТИ ГРАЃАНИТЕ АКО РИПНЕ НАФТАТА НАД 100 ДОЛАРИ?“ Чупеска со прашања за актуелните случувања

Професорката Ана Чупеска коментирајќи ја актуелната ситуација со војната помеѓу Иран, САД и Израел, постави прашања за тоа како владата ќе ги заштити граѓаните во случај на нафтена и финансиска криза.
„Клучни прашања во контекст на најновите случувања, што во јавноста ги има снемано?!

Ќе праша ли некој :

1. Дали Владата има план да ги заштити граѓаните ако нафтата рипне над 100 долари?

2. Колкави резерви на нафта имаме , или, за колку денови би стигнала ако се блокираат патиштата за дотур?

3. Каков е капацитетот на производство во РЕК Битола и хидроцентралите? Дали ќе треба да увезуваме уште поскапа струја?

4. Има ли план за заштита на цените на основните прехранбени производи ако се случи ценовен шок?

Има ли одговор за овие легитимни прашања и легитимни грижи?, праша таа.



Слично

Поврзани вести