Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Ви текнува на мигрантите пред да си легнете во топла постела?

Дали Ви текнува на мигрантите пред да си легнете во топла постела?
Професорката по пијано Милица Шкариќ состојбата со мигрантите ја доживува како личен проблем. Вели секојдневно нејзините мисли се со овие луѓе, како стигнале дотука, како да им се помогне, да се соберат што повеќе  донации. Мигрантите вели се обични луѓе, едноставни и ранливи како секој друг човек, бараат само малку внимание и помош полесно да поминат низ земјава и да стигнат до својата крајна дестинација-најчесто некоја од западноевропските земји. Тие сакаат подобра иднина за своите деца, но овој пат бегаат со една цел-да спасат гол живот, од убиства и закани. Емотивно, додава таа, скоро секоја вечер има трауми како беспомошните деца, мајките, инвалидите спијат под отворено небо, чекајќи хуманитарците да им помогнат. Во Македонија вели има хумани луѓе, нивната помош е секогаш добредојдена, но не и доволна. Очекува поголема вклученост на граѓаните кои со малку средства може да направат многу, одблиску да ги видат и да поразговараат со овие луѓе, а не за нивните проблеми и голготи да слушаат седнати во своите фотељи дома. Migrants sit on the ground after being detained by police in Morahalom “Емотивно, веќе имам траума, слики од одредени тешки настани ми прогонуваат навечер. Ако има невреме навечер, се будам и мислам на сите оние кои се под ведро небо. Речиси секоја вечер е таква. Кога проаѓам пак по автопат, се сеќавам на сите места каде помагав и гледав бегалци, пред да се донесе новиот закон за азил”-раскажува Милица. 11329960_10205809541789919_74180205776646528_n Донации, додава  секојдневно се бараат, но и добиваат, но ситуацијата често е менлива поради се поголемиот наплив на мигранти. Во моментов има доволно вода, храна, облека, но нема кабаници за заштита од дожд, па хуманитарците се  окупирани со нивно набавување. Деновиве времето им послужи и на мигрантите, но паметат дека на дожд и на ниски температури, патот станува се потежок. “Во моментов само од донации собрани кај мене ќе набавам 120 кабаници, но имаме потреба од илјадници. Неми посматрачи има многу, па ете ги повикувам да донираат 120 ден или сами да купат кабаница по таа цена од продавницата Дворник, кај паркот и да ја донираат кај нас и со тоа да спасат бегалец од лошо дождливо време. Бегалците поголем дел од времето се на отворено и кабаницата може многу да ги заштити”-вели Милица Шкариќ. GRANICNA POLICIJA TEPA MIGRANTI Престојната зима вели хуманитарците на терен ќе се справуваат како и досега,  доколку  нема  драматични пресврти во европските политики. Но случувањата на јужната граница со мигрантите треба да се гледаат и третираат  пред се како хуманитарен проблем кој бара сериозен пристап. ХУманитарците порачува Милица Шкариќ сакаат но неможат целиот товар да го носат на свои плеќи, па оттука е потребна сериозна стратегија  за справување со овој предизвик. С.Б.
Слично

Поврзани вести