Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Вагнер регрутира и обучува платеници во Србија?

Дали Вагнер регрутира и обучува платеници во Србија?

Вагнер групата според американски извори е присутна во Србија, за што веќе има реакции до српските власти. Вагнер позиционирал луѓе во Белград минатиот декември.

Во тајните документи на американски функционери до кои дојде весникот „Политико“, стои дека САД се загрижени поради ширењето на руската паравоена група Вагнер надвор од Русија, односно во Србија. Причина за загриженост е зголеменото присуство на членовите на Вагнер, кои според „Политико“ пристигнале во Белград во декември лани за да го запрат антирускиот наратив во Србија.

Државјанин на Србија беше осуден во 2017 година за водење војна во источна Украина како дел од Вагнер. Се вели дека групата претставува закана за локалните сили и официјални лица.

Катрина Докси, помошник директор и соработник за транснационални закани на американското разузнавање, наведува дека Србија е избрана од три причини.

„Тие сакаат да имаат влијание во земјите со слабо владеење, постојани безбедносни предизвици и оние кои се збогатени со природни ресурси. Нивна задача е и да се договорат за безбедносни договори или да ги олеснат идните дипломатски односи со тие земји“, рече Докси.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно рече дека Вагнер нема што да бара во Србија, „но ниту НАТО“.

„Мораме да соработуваме со НАТО затоа што вие Русите го напуштивте Косово, а ние соработуваме со вас затоа што сме пријатели, бидејќи вие ни помагате во Советот за безбедност на ОН“, рече Вучиќ.

За тоа дали Русија ќе и помогне на Србија доколку избие војна на Косово, Вучиќ рече дека Москва „нема да направи ништо“ бидејќи не може да му помогне на Белград.

Се претпоставува дека главните битки за стратешки важниот Соледар за Русија ги спроведе руската платеничка група Вагнер. Веруваат дека оваа група регрутира луѓе во Србија, но и држи обуки.  

Слично

Поврзани вести