Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали учеството на Заев во Шарената револуција е најава за кулминација на кризата?

Дали учеството на Заев во Шарената револуција е најава за кулминација на кризата?
Откако вчера лидерот на СДСМ отворено се приклучи на граѓаните и ги фарбаше државните институции се поставува прашањето дали опозицијата се решава за најрадикалниот чекор, од улица да влезе во менаџирање на македонската криза. Ова особено што последниве денови откако ДУИ и ВМРО ДПМНЕ ја обновија Владата станува јасно дека СДСМ не може низ политичка битка да придонесе за менување на работите во општеството. Ако на тоа се надоврзе дека и странскиот фактор е веќе уморен од македонската криза, јасно е дека на Заев не му останува ништо друго освен масовно да ја даде својата поддршка за Шарената револуција, како последен силен влог што му останува. Вчера Заев изјави дека сите опции се отворени, а дека институциите мора да се вратат на граѓаните. Инаку за фрлањето боја Заев рече дека ова го прави во знак на солидарност со демонстрантите што полицијата ги апси и повикува на информативен разговор поради учеството во протестите. „Нека го казнат Зоран Заев, Фијат Цаноски, Билјана, Самка, сите што не гледате тука како претседатели на партиите и сите овие граѓани кои се потписници, а се илјадници на број, не може да не казнат сите, не може да не запрат“, рече Заев. Очигледно следува период на засилена активност на улиците, барем до одморите, што секако ќе го врати фокусот на странците во Македонија.  
Слично

Поврзани вести