Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали творецот на Нутела ќе се откаже од палминото масло за кое се тврди дека е штетно?

Дали творецот на Нутела  ќе се откаже од палминото масло за кое се тврди дека е штетно?

44 милијарди долари вредната индустрија на палмино масло се најде под притисок во Европа, откако властите го наведуваат маслото како ризик за рак, тврдат од секторот за храна, односно творецот на Нутела. 

Италијанската фирма за слатки Фереро зазеде јавен став во одбрана на состојката која некои други прехранбени компании во земјата ја бојкотираат. Тие започна со рекламна кампања да се убеди јавноста во безбедноста на Нутела, нивниот главен производ кој сочинува околу една петтина од продажбата на компанијата.

Лешник и еурокрем, еден од  најпознатите италијански брендови на храна и популарен појадок за децата, се потпира на палминото масло за текстурата да биде мазна. 

Друга состојка како што е сончогледовото масло,  ќе го промени карактерот на производот, велеат од Фереро.

Производство на Нутела без палминото масло ќе биде инфериорна замена за вистински производ, и тоа ќе биде чекор назад, сметаат тие. 

Телевизиска реклама се емитува во Италија во текот на изминатите три месеци, која предизвика критика од некои политичари.

Секое оддалечување од палминото масло, исто така, ќе има економски последици иако тоа е најевтиното растително масло, и чини околу 800 долари на тон, во споредба со 845 за сончогледово масло и 920 за семе од репка од кое исто се прави масло за замена. 

Фереро користи околу 185.000 тони палмино масло за една година, а друга замена може да ја чини фирмата екстра од 8 до 22 милиони долари на годишно ниво, со тие цени. Компанијата одби да ги коментира овие пресметки.

Истражувања покажале дека палминото масло е штетно. 

Но, нема да има забрана за употреба на палминото масло, велат надлежните. 

Во Италија има делумен бојкот, а во САД продолжува да се користи ова масло. 

Слично

Поврзани вести