Дали Турција плаќа за бурките во Бугарија?
Носењето бурка се прави за да се покаже дека исламот ги проширува своите територии, коментира пратеникот Валери Симеонов.
Турската агенција за вери (Дианет) плаќа на бугарски муслиманки да носат бурка. Агенцијата има над 70 вработени, кои живеат во Бугарија и плаќаат на овие жени .
Ова го изјави лидерот на Националниот фронт за спас на Бугарија (НФСБ), Валери Симеонов. Според него станува збор за „засилен, агресивен напад на исламот на територијата на Бугарија, која во историски план е поврзана со Отоманската империја". "Во Турција е забрането носењето бурка. Носењето бурка се прави за да се покаже дека исламот ги проширува своите територии. Треба да гледаме на ширењето на бурката како на ширењето на минарињата. Тоа е означување на територија "- коментира Симеонов.
Тој посочи дека носењето на бурка не е традиционално за бугарските муслимани и е забрането во неколку држави.
