Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Турција ќе го напушти договорот со Европската унија?

Дали Турција ќе го напушти договорот со Европската унија?

Турција ќе го напушти договорот со Европската унија за намалување на приливот на мигранти, ако нејзините државјани не добијат визна либерализација, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.

Тој вели дека за Анкара е невозможно да ги промени своите закони за борбата против тероризмот, што Брисел го очекува во замена за укинување на визите за Шенген зоната за турските државјани. Додава дека тоа не е закана, туку реалност.

„Потпишавме две спогодби со ЕУ и двете се поврзани. Ова не е закана, туку нешто што произлегува од договорот“- додаде тој.

Вели дека Турција се бори против повеќе терористички групи, вклучувајќи ја и забранетата Курдска работничка партија.

Турција, според него ќе употреби административни мерки за да го блокира договорот, доколку е потребно.  Лидерите од ЕУ бараат Турција да исполни 72 услови за визна либерализација и да ја ограничи својата дефиниција за тероризмот, со цел да претстане да гони академици и новинари поради објавување на она што се нарекува „терористичка пропаганда“.

Слично

Поврзани вести