ДАЛИ ТУРЦИЈА Е ПРЕД ЕКОНОМСКИ КОЛАПС: Што очекува Ердоган во однос на лирата
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил денес дека очекува понатамошни напади на турската економија, но и дека лирата наскоро ќе се врати на „рационални нивоа“.
Турската национална валута вчера во еден момент „се лизна“ на историски минимум, и беа потребни повеќе од седум лири за еден американски долар.
Ердоган, кој за падот на лирата ги обвини „политичките заговорници“ а не економските показатели, вели и дека ширењето на лажни вести за домашната економија е предавство и дека последните акции на САД се „нож во грб“ за Анкара.
Турската валута изгуби четвртина од вредноста кон доларот од воведувањето на американските санкции за двајца турски министри поради наводна вмешаност во апсењето на еден американски свештеник во Турција.
