Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Црна Гора во НАТО ќе ја продлабочи поделбата во Европа?

Дали Црна Гора во НАТО ќе ја продлабочи поделбата во Европа?

Пристапувањето на Црна Гора во НАТО дополнително ќе ја продлабочи линијата на поделба во Европа, изјави постојаниот претставник на Русија во Северноатлантскиот сојуз, Александар Грушко.

„Ова не е првото проширување на Алијансата, и се разбира, ниту еден круг од проширувањето не ги подобрил нашите односи со земјите кои се одлучиле да влезат во него. Би сакал да истакнам дека во случајот со Црна Гора како никогаш досега се гледа геополитички контекст, желбата да се демонстрира на светот дека политиката на отворени врати е жива“- вели Грушко.

Завчера министрите за надворешни работи на земјите од НАТО потпишаа Протокол за пристапување на Црна Гора во Алијансата. За да стапи во сила, документот треба да биде ратификуван од сите земји од НАТО.

Според зборовите на Грушко, проширувањето на НАТО создава нови или ги преместува старите линии на поделба во Европа и противречи на самата потреба за создавање на нов систем за колективна безбедност на континентот, кој има потреба од обединети напори во борбата против новите закани и ризици.

Наведе дека преку забрзаната постапка за прием, која организацијата ја спроведе спрема Црна Гора, Алијансата ги прекршила своите критериуми во однос на кандидатите за членство.

Слично

Поврзани вести