Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ЦИА стои зад обидот за пуч во Турција?

Дали ЦИА стои зад обидот за пуч во Турција?

Обидот за пуч во Турција е организиран од мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, изјави поранешниот началник на турскиот Генерал-штаб, Илкер Башбуг, во интервју за Си-ен-ен Турк.

Според него метежот на 15 јули не бил преврат, затоа што не наликува на воените преврати.

„Според ништо не наликува на претходните преврати. Поради тоа јас не го одобрувам определувањето на метежот на 15 јули како воен преврат. Тоа е вооружен метеж на мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен“ - рече Башбуг.

Тој наведува  дека ЦИА е „мозокот“ на обидот за преврат.

„Војниците на Ѓулен, кои се влезени во турската војска, не дејствувале по своја волја, за никакви свои цели, како што и обично се случува при превратите. Нема никакви податоци за тоа, дека тие имале некакви свои цели и задачи. Многу јасно се гледа дека ова движење исполнува цели и задачи кои се дадени од надвор“- вели Башбуг.

Додава дека три воени групи учествувале во обидот за преврат.

Во меѓувреме и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган го обвини Западот за поддршка на пучистите.

Обидот за пуч се случи минатиот месец со цел соборување од власт на Ердоган.

Слично

Поврзани вести