Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали тројца мажи и една жена вооружени со компјутер можат да извршат пуч?!

Дали тројца мажи и една жена вооружени со компјутер можат да извршат пуч?!
“За да се изврши “Пуч“, потребна е вооружена сила, војска, полиција или бројна маса вооружени граѓани, бидејќи власта секогаш има вооружени приврзаници во редовите на војската и полицијата кои ќе се спротивстават на „пучот“. “Пуч“ не можат да извршат тројца мажи и една  жена вооружени со два компјутери и два пиштоли“, вели во интервју за “Фактор“ универзитетскиот професор Темелко Ристески, кој меѓу првите интелектуалци, реагираше на социјалните мрежи во врска со политичката криза, ососбено по операцијата “Пуч“. Според професорот, како можен излез од сегашната политичка криза се предвремените парламентарни избори. Предвремени избори – потребни или принудни ? Фактор: Опозицијата започна со објавување на, како што велат, материјали кои докажуваат и ќе докажат дека илајдници граѓани биле прислушкувани, но и материјали кои содржат докази за криминал и корупција. Дали со овој потег, практично Македонија влегува во длабока политичка криза? pid91Ристески: Македонија веќе долго време е во политичка криза. Кризата влезе во фаза на длабока политичка криза со изјавата на премиерот дадена на 31 јануари, со која изјави дека во Републока Македонија е подготвуван „Пуч“ односно , на македонски државен удар. Државни удари изведуваат офицерски, односно генералски корови со бројни приврзаници од редовите на  Армијата. Многу ретко, полициски корови со припадници од полицијата и исто така ретко, во бурни тешки, кризни времиња и одредени политичкки групации со подршка на граѓаните и делови од војската (пример бољшевичкиот пуч во октомври 1917). За да се изврши “Пуч“, потребна е вооружена сила, војска, полиција или бројна маса вооружени граѓани, бидејќи власта секогаш има вооружеи приврзаници во редовите на војската и полицијата кои ќе се спротивстават на „пучот“. “Пуч“ не можат да извршат тројца мажи и една  жена вооружени со два компјутери и два пиштоли. Тоа е апсурд. Фактор:Пред потегот на опозицијата, во медиумите осмна видео снимка со разговор меѓу премерот Груевски и лидерот на опозициајта Заев. Како може да се случи вакви снимки, директно од кабинетот на премерот да завршат во јавноста? Ристески: Само ќе кажам дека најверојатно затаил  системот на обезбедување на премиеровиот кабинет или пак снимката е намерно дадена, со цел да се потврди дека лидерот на опозицијата разговарал со претставници на странски разузнавачки служби, што впрочем беше поентирано во изјавата на премиерот дадена на 31 јануари. Фактор:Колку оваа сегашна состојба е одржлива на политичката сцена? Дали една од можните разврски води кон предвремени парламентарни избори? Ристески: Лично мислам дека  можно е да се очекуваат предвремени избори. Се зависи од тоа дали ќе се „разбуди“ демократскиот сенс кај граѓаните, односно од тоа дали тие ќе сфатат дека оваа влада се “одлепи“ од граѓаните, чиј сервис треба да биде и постана сервис сама на себе. Во врска со ова ќе се повикам член 2, став 1 од Уставот, според кој „во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните“ Значи власта  и припаѓа на граѓаните, а владата е само нивни сервис. Се додека македонскиот граѓанин не го сфати тоа, ќе имаме послушнички менталитет кај граѓанството, и влади кои ќе бидат сервис на самите себеси, се разбира за лично богатење и бенефиции на сметка на граѓаните. Фактор:Колку политичката неизвесност, постојаните изборни процеси влијаат и врз економските состојби и трендови во земјава? Ристески:Политичката неизвесност проследена со зачестени изборни процеси негативно влијае на економските процеси и трендови. Секој што сака да инвестира,се плаши од развојот на политичките состојби и секако се плаши да не ризикува со инвестициите. Таа предизвикува зачестени промени во нормативната регулатива, што исто така негативно се одразува врз мотивацијата на инвеститорите да инвестираат, затоа што постои висок степен на правна несигурност. Д.А.  
Слично

Поврзани вести