Дали треба да ja проверувате е-поштата на одмор - или да се соочите со „цунами“ од пораки по враќањето?
Одморот е бегство од канцеларијатa, но е-поштата нè следи насекаде... ако дозволиме. За оние кои секојдневно се борат со преполно сандаче, ниедна опција, ниту игнорирање, ниту постојана достапност - не звучи идеално. Затоа многумина ја избираат средината. Но, дури и повременото проверување е-пошта на одмор „речиси секогаш е лоша одлука“.
„Откако ќе ја отворите Пандорината кутија, речиси секогаш завршувате одговарајќи, гасејќи пожари и поминувајќи часови и часови непланирано“, вели Закари Вајнер, директор на маркетинг агенцијата Emerging Insider Communications.
„Сепак, околу 84 oтсто од вработените ја проверуваат својата е-пошта за време на одморите, а повеќе од 70 отсто комуницираат преку три или повеќе платформи - како што се Teams, Slack и WhatsApp“, вели консултантот за рамнотежа помеѓу работата и животот, Џо Робинсон.
Робинсон започна кампања наречена „Интервенција преку е-пошта“, обидувајќи се да се бори против паниката што многу луѓе ја чувствуваат за испраќање пораки за време на одморите.
Во анкета што ја спроведе во април:
25 отсто од вработените го прескокнаа одморот за да избегнат куп е-пораки по враќањето
34 отсто го скратија одморот од истата причина
87 отсто ја поддржуваат официјалната политика на компанијата за исклучување надвор од работното време, освен во итни случаи
