Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Трајко Славески ќе биде нов гувернер?

Дали Трајко Славески ќе биде нов гувернер?

Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, сега актуелен претседател на Советот на Град Скопје и професор на Економскиот факултет, најверојатно е предлогот за гувернер на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 

Зад себе тој има богата академска и политичка кариера. Редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ. 

Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и има учествувано во изработката на програмските документи на партијата.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангелоска- Бежоска завршува денеска, но според законските одредби, фунцијата ќе ја извршува до изборот на новиот гувернер. Нејзината работа во изминатите седум години е оценета како успешна.

Слично

Поврзани вести