Дали светската економија се извлече од длабока криза?
Светската економија излегува од најдлабоката криза.
Глобалната економија изгледа „помалку страшно“ отколку во јуни, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) малку ќе ја смени проценката за падот годинава, изјави денeска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.
“Катастрофата што нè снајде не е завршена, ниту далеку. Сите земји сега се соочуваат со она што јас би го нарекла долго искачување, макотрпно искачување кое ќе биде долго, нерамномерно и неизвесно. И обележано со повремени назадувања”, вели таа.
Кина се опорави побрзо отколку што се очекуваше, додаде Георгиева.
ММФ во јуни предвиде дека светскиот бруто домашен производ (БДП) ќе се намали за 4,9 проценти оваа година поради мерките за ограничување со коронавирусот.
Тоа е најголем пад од 1930-тите. ММФ ги повика владите и централните банки да помогнат со дополнителни стимулативни мерки.
