Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ СТЕ НЕГОВ ТИП: Биковите сакаат мирни, а Лавовите доминантни девојки

ДАЛИ СТЕ НЕГОВ ТИП: Биковите сакаат мирни, а Лавовите доминантни девојки
  Излеговте на забава, а таму се појавува некое момче од кое око не можете да тргнете. Ако знаете што е во хороскоп, ќе бидете во предност пред другите девојки и полесно ќе му го привлечете вниманието. Видете каков тип девојки сакаат машките, во зависност од нивниот хороскопски знак.   Овен Најмногу го привлекуваат жени кои се самостојни, кои знаат што сакаат и во исто време се храбри и спонтани. Тие ја почитуваат слободата на овие жени и ја ценат нивната сила и храброст. Мажите во знакот на Овен сакаат предизвици и уживаат да ги заведува жена која блика со самодоверба, а ќе се противат до таа мера до која целата љубовна игра ќе им биде привлечна. Бик Сака девојки кои се слатки, мирни и пријатни, девојки кои се приврзани кон милувања и бакнежи. Преферираат жени кои се лежерни и кои цврсто стојат на тло, но не и оние кои се премногу самостојни или премногу енергични. Близнаци Мажите од овој знак ги привлекуваат девојки кои се паметни, а по малку и мистериозни. Може да ги привлече и не толку физички атрактивна жена, но доволно духовита и интересна. Физичкиот изглед го занемаруваат, предност даваат на интелектуалната убавина на жената. Рак За нив идеални се жени кои ќе се грижат за нив секогаш кога ќе им бидат потребни, кои ќе ги негуваат и мазат како да им се најдрагоценото нешто во светот. Лав Тој сака да има жена со која ќе се гордее, со која ќе може да изгледа значајно во очите на другите, токму поради тоа што покрај себе има жена која ја маѓепсува околината со својата појава и харизма. Преубави, драматични, префинети и по малку мистично тивки жени се идеални за нив. Девица Тој прво ќе забележи дали жената е дотерана и конзервативно облечена. Тие се исклучително пребирливи и не сакаат ништо помалку од совршенство, а поради тоа се и често сами. Вага Мажот Вага го привлекува жена која има стил, но во исто време и да не е премногу формална. Скорпија Емотивно-нестабилниот маж Скорпија го привлекуваат витални и страстни жени. Тие копнеат за силни жени кои не се неодлучни и безволни. Стрелец Сака жени кои се искрени, директни и полни со самодоверба. Ги сакаат да им бидат во исто време и љубовни партнери и пријатели. Тие сакаат жени кои во еден миг се детинести, а веќе во следниот миг филозофираат за сериозни теми, но и кои се секогаш среќни и задоволни. Јарец Жени кои се општествено прифатливи и до некоја мера и формални, со високи цели во животот и со нагласен углед ќе го освојат секој маж во знакот Јарец. Водолија Мажите Водолии ги привлекуваат жени кои се интелигентни, самостојни, со слободен дух и кои се секогаш добри за разговор. Мистериозност и неконвенционалност многу бргу знае да ги фасцинира. Риби Мажот во знакот Риби сака жени кои се романтични и емотивни, чувствителни и пасивни. Ако е по малку мистериозна или способна тој да се почувствува сигурен, таа лесно може да стане љубов на неговиот живот.
Слично

Поврзани вести