Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали сте меѓу нив? Трите хороскопски знаци кои спротивниот пол го оставаат без здив!

Дали сте меѓу нив? Трите хороскопски знаци кои спротивниот пол го оставаат без здив!
  Некои хороскопски знаци се вистински заводници. Имаат „талент“ за флертување и нив тоа лесно им оди. Проверете кои се трите знаци на кои малкумина можат да им одолеат и кои спротивниот пол го оставаат без здив. Бик Бикот спаѓа во врвните заводници иако не е свесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во кревет ги познава сите пози од Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Умее да создаде вистинска атмосфера и да направи партнерот да се почувствува многу посебно. Биковите имаат природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуваат дури и оние кои не би сакале. Нивните усни едноставно го примавуваат секого. Близнаци Близнаците се кралови на шармот. Нив едноставно не може да им се одолее. Близнаците уживаат во игри на заведување и комуникација. Обично се надарени со добра физиономија, а нивниот адут е немирниот и недофатлив поглед. Тие освојуваат со комуникација и со интелект. Нивниот позитивен став ги привлекува луѓето и со нив времето секогаш е пријатно исполнето, толку што посакувате постојано да се покрај вас. Скорпија Со Скорпијата владее фаталната планета Плутон. Скорпијата е тешко да не ја забележите. Нејзиниот заводлив поглед и манири со кои како да ве повикува на блуд, не можат да ве остават рамнодушни. Ова е знак кој длабоко чувствува и нејзината интуиција е изразена до таа мера што во секој момент ги знае вашите потреби. А со оглед на тоа дека во емоционална смисла е многу посветена, ќе ужива да ве задоволи до максимални граници. Нејзините вештини во водење љубов се незаборавни.
Слично

Поврзани вести