ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ: 3-те хороскопски знаци кои знаат како да доминираат!
Доминацијата е природна во природата. Секогаш еден вид се разликува од друг по голем број на причини. На нас луѓето ни е утврдено во карактерот тоа дали ќе играме водечка улога во една врска или ќе сме во улогата на "потчинети".
Три се Хороскопски знаци со многу силни карактери, кои во никој случај не ги релаксираат уздите.
Бик Жената Бик е добра. Освен дека е итра, таа знае како да го задоволи партнерот и да овозможи безгранична љубов. Нејзиниот дом е симбол на хармонија и топлина, а паралелно со тоа има неверојатен талент за бизнис. Со оглед на тоа дека има фобија од сиромаштија, таа на секој можен начин заработува пари. За нејзините фантастични облини нема потреба да зборуваме. Ова е вистинска моќна жена.
Вага Таа е шармантна, најмногу симпатична од сите знаци во хороскопот. Штом ја погледнете и простите за сè. Не може да се пофали дека е домаќинка, но затоа сепак е ужасно убава. Има уникатни манири и изгледа како божица која паднала помеѓу "обичните" жени. За неа не постои врата која не е отворена. Иако не звучи фер кон другите, таков е животот на Вагата.
Лав Исто како кај мажите така и кај жените - лавица е лавица во буквална смисла на зборот. Нејзината појава фасцинира, знае да ја наметне својата волја и за себе го избира само совршеното. Кралицата има најдобар вкус, а дури и кога нешто прави погрешно, ќе најде начин како да ве убеди дека тоа е правилно.
