ДАЛИ СТЕ ИТ ЕКСПЕРТ ОД РУСИЈА? Сопственик од Нови Сад со „чудни“ услови за изнајмување стан
На социјалните мрежи се шири слика од преписката на Вибер, а на неа може да се прочита разговор помеѓу станоиздавач и маж кој бара стан во Нови Сад.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, голем број богати Руси решија да ја напуштат земјата. Голем дел од нив, нов дом побара во соседна Србија, особено во Белград, Нови Сад, но и во другите поголеми градови. Кај сега се забележува нагло зголемена побарувачка на станови, како за изнајмување, така и за купување станови, куќи и деловни простории од руски државјани.
На почетокот на годината можеше да се изнајми стан од 50 квадрати за 300 евра, но сега цената на таков закуп во просек би била 150 евра повеќе, т.е. 450 евра. Поскапеа и поголемите станови, двособните од околу 450 евра на околу 600, а трисобните се повеќе се огласуваат за околу 1.000 евра.
На Инстаграм објавен е скриншот од преписка од социјалната мрежа Вибер, на која може да се види разговор меѓу две лица кои преговарале за изнајмување стан во Нови Сад. Не се знае дали се работи за шега, но предизвика голема реакција кај корисниците на оваа социјалната мрежа.
Погледнете како изгледаше преписката која шокираше многумина:
„Добар ден. На работа сум и во моментов не можам да одговорам“, стои во првата порака.
„Станот е слободен. Дали сте ИТ експерт од Русија“, е повратниот одговор.
"Не, јас сум Србин. А не сум ни ИТ експерт", напишал човекот, на што следел шокантен одговор.
„Знаеш ли дека цената е 1.000 евра, плус 1.000 евра депозит? Каде работиш?“, директно прашал сопственикот.
„Ништо од тоа пријателе, остани жив и среќен!“, напишаал назат потенцијалниот изнајмувач.

Како што е веќе познато, цените на становите значително се зголемија во Србија поради засиленото доаѓање на Русите во Србија. Неодамна Русинката Олга објави видео од станот во кој се вселила во Белград и со задоволство откри дека за тоа плаќа 950 евра, што предизвика реакции кај луѓето, особено кај Србите. „Господе, среќна си за киријата од 950 евра. Проблемот е што поради тебе цените сега се такви за нас што сме од Србија“, „950 евра се премногу, за тие пари можеше да изнајмиш три стана“, „Сега кога станоиздавачите гледаат дека Русите се презадоволни од овие цени, можат уште повеќе да ги покачат“, беа дел од коментарите кои следа под нејзината објава.
