„ДАЛИ СТАНОВИТЕ ЌЕ СТАНАТ УШТЕ ПОМАЛКУ ДОСТАПНИ ЗА КУПУВАЧИТЕ?“: до крај на годината трае повластената стапка од 5 проценти за ДДВ за нов стан
До крајот на оваа година важи повластената стапка од 5 проценти за Данок на додадена вреднсот за прв купец на новоизградените станови. Ова секако го наметнува прашањето дали сега становите ќе стана уште поскапи.
- Крајот на повластената ДДВ стапка за новоизградени станови: дали становите ќе станат уште помалку достапни за купувачите?
Повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизграден стан е за прв пат воведена во 2010 година како антикризна мерка и е една од најзначајните мерки што директно влијаат врз достапноста на домувањето и динамиката на градежниот сектор. Првиот пат е воведена со петгодишно времетраење и неколкупати беше продолжувана—најпрвин за по пет, а потоа за по три години. Последното продолжување е од 2023 година и важи до 31 декември 2025 - пишува во објавата на социјалните мрежи правната компанија „Трпеноски“.
Од таму појаснуваат дека „Според актуелната Одлука за добрата и услугите со повластена стапка на ДДВ (Сл. весник бр. 203/23), продажбата на новоизградени станови од инвеститор кон купувач се оданочува со 5%, наместо со редовните 18%“.
Потоа додаваат дека по истекот на 2025 година нема јасен став дали повластената стапка ќе продолжи или ќе се укине.
Воедно укажуваат и на последици од евентуално укинување на повластената стапка:
1. За купувачите
Доколку мерката не се продолжи, ДДВ повторно ќе биде 18%, што ќе предизвика непосредно и значително поскапување на новите станови.
Од клучно значење е времето на целосна изграденост на зградите за становите кои се купуваат во тек на градба.
2. За државата
Краткорочно: зголемен приход во Буџетот доколку се врати редовната стапка.
Долгорочно: можен пад на побарувачката, забавување на градбата и намалување на економската активност во градежниот сектор — што може да ги неутрализира очекуваните фискални придобивки.
- Од оваа Одлука директно зависат цените на новите станови, однесувањето и плановите на инвеститорите, динамиката на пазарот и реалната можност граѓаните да дојдат до сопствен дом во веќе скапи пазарни услови - нагласуваат од правната компанијата во нивната објава.
Фото: Вангел Тануровски
Слично
