Дали со купување на интернет штедиме?
Граѓаните се почесто купуваат на интернет поради поволните цени.
Некои цени се толку ниски што се исплати да се купи техничка стока од странство.
Според податоците на Народна банка на Србија, граѓаните во оваа земја на е - купување лани потрошиле над 3 милијарди динари и повеќе од 50.000 евра. Вкупната онлајн сметка е над 75 милиони евра затоа што се купува и во други валути. Банките се почесто нудат посебни картички. Издадени се 92.640 вакви картички со кои може да се купува не само во Европа, туку и на други континенти.
Највеќе пари преку оваа мрежа се отидени на авионски и хотелски резервации, а на интернет се купува секаква стока.
Купувачите се одлучуваат за облека, обувки, апарати за домаќинство, играчки, мобилни телефони и друго.
Според евиденцијата на пошта и царина над 50% од купената стока е гардероба.
Препорака за граѓаните е да купуваат од проверени сајтови за да не бидат измамени.
