Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали сме пред социјална криза?

Дали сме пред социјална криза?

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) тврди дека на повидок е социјална криза. 

Според нив, неформирањето на влада и свесното одолговлекување на нејзиното формирање влијае на целата ситуација од економски аспект. 

Додаваат дека секое економско продлабочување на кризата води кон социјална криза и губење голем број работни места. 

Сметаат дека најпогодени ќе бидат работниците кои се дел од сивата економија. 

„Мораме да ја споменеме и злоупотребата на Уредбата за финансиска помош на компаниите кои примиле помош од државата, а не ги исплатиле платите. Оваа злоупотреба најостро ја осудуваме и сметаме дека Владата и релевантните државни институции не требало да дозволат да се злоупотреби уредбата, а за компаниите соодветно да се санкционираат, а работниците во најкус можен рок да се обесштетат. Покрај оваа злоупотреба, до нашата правна служба имаме пријавено и случаи каде се прекршува правото на користење на годишен одмор каде работодавачите најчесто ги одобруваат барањата, а потоа за време на годишниот одмор се повикуваат вработените на работното место“, велат од КСС.

Од СДСМ најавија дека по 4 август почнуваат разговори за составување на Влада. 

Премиерот Оливер Спасовски вчера изјави дека очекува дека брзо ќе се формира Владата. 

Слично

Поврзани вести