Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали следи нов скок на цените на горивата – нафтата поскапе поради страв од прекин на снабдувањето

Дали следи нов скок на цените на горивата – нафтата поскапе поради страв од прекин на снабдувањето

Цените на нафтата нагло пораснаа откако Иран ги обвини САД за кршење на договорот за прекин на огнот, што веднаш ги зголеми стравувањата од нова ескалација и можни нарушувања во глобалното снабдување со енергија.

Фјучерсите за референтната нафта „Brent“ со испорака во јуни се зголемени за 2,08 отсто и достигнаа цена од 96,83 долари, додека американската сурова нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) со испорака во мај порасна за 2,86 отсто, на 97,27 долари, пренесува CNBC.

Овој раст доаѓа само еден ден по наглиот пад на цената на американската нафта, кој беше најголем во еден ден од 2020 година, откако беше постигнат договор за двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран.

Аналитичарите предупредуваат дека нестабилноста на Блискиот Исток повторно може да предизвика турбуленции на енергетските пазари, што директно би се одразило и врз цените на горивата на глобално ниво.

Бизпортал.рс

Слично

Поврзани вести