Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали скопското јадро на СДСМ, со помош на Црвенковски ги елиминира Заев и Шеќеринска од лидерската трка?

Дали скопското јадро на СДСМ, со помош на Црвенковски ги елиминира Заев и Шеќеринска од лидерската трка?
Синоќешната седница на Извршниот одбор на СДСМ ја разгоре внатре партиската битка за челната позиција на партијата. Најголемата опозициска партија се наоѓа пред најголемиот пресврт во својата 20 годишна историја. Најголемо изненадување после синоќешната жолчна седница на ИО на СДСМ е најавата за повлекување на кандидатурата на Зоран Заев. Не одело се мазно и на синоќешната седница на ИО на партијата. Партиски извори за Фактор тврдат дека и синоќа имало тешки дискусии и расправии за валканите игри и местенките кои се случувале изминативе денови, особено со списокот на делегати кои ќе имаат право на глас на конгресот закажан на 02 јуни годинава. Сестрата на Бранко Црвенковски и таткото на Наташа Савова делегати на конгресот? 705 делегати на 02 јуни годинава ќе избираат претседател на СДСМ. Сеуште е неизвесно и дали актуелниот лидер Бранко Црвенковски има конечна одлука дека нема да се појави како кандидат за реизбор на претседателската позиција на партијата. Иако,  на последниот Централен одбор пред своите сопартијци најави дека нема да се кандидра за претседателската функција на СДСМ, досега јавно овој став го нема потврдено. Инаку и синоќа на ИО, по расправата на Црвенковски, групата предводена од генералниот секретар Андреј Петров и неколку пратеници отворено зборувале за инцијативата во која за единствен кандидат за лидер на СДСМ го предлагаат токму Црвенковски. Други извори коментираат дека Игор Ивановски е практично кандидатот зад кого би застанал Црвенковски, иако Ивановски во завчерашното гостување во емисијата „Јади бурек“, ги негираше ваквите тврдења. Партиски извори за Фактор, велат дека доколку Црвенковски навистина е решен да го напушти кормилото на партијата, тогаш нека остави низ еден демократски процес да се избере нов лидер на партијата, така што на многу едноставен и елегантен начин ќе ја отфрли иницијативата и јавно ќе соопшти дека нема намера да се кандидира за лидер на партијата. Но, тој сепак тоа сеуште го нема сторено. Доброупатени извори од месните одбори на партијата посочуваат дека во СДСМ изминативе недели се водат невидени дворски игри. Најголем дел од кандидатите за претседател реагираат и на списокот на делегати кои ќе гласаат на конгресот на 02 јуни, а меѓу нив биле сестрата на актуелниот претседател Бранко Црвенковски, делегат од општина Аеродром, таткото на Наташа Савова, најблиската соработничка на Црвенковски и директор на секторот за комуникации во СДСМ, од општина Карпош, а од истата општина како делегат е и мајката на Никола Колевски (поранешен директор на Пазарниот инспекторат) кој се смета за близок до крилото на Црвенковски, Савова и веќе кандидатот за лидер на СДСМ, Игор Ивановски. Членови на СДСМ обвинуваат за не фер постапки и за иницијативата која за едниствен кандидат го предлага Бранко Црвенковски Членови на СДСМ од месните одбори реагираат и на иницијата за Црвенковски, велат дека голем дел од луѓето кои се потпишале на иницијативата, всушност и не знаеле дека тоа е иницијатива, туку се потпишувале на лист хартија за кој мислеле дека само се потпишуваат за присутност на седница, а не и за иницијатива. Инаку, на синоќешната седница на ИО на СДСМ, голем дел од членовите на извршниот одбор реагирале и на предвреме почнатата кампања, иако било договорено прво да завршат процедурите и да заврши официјалната постапка со номинирањето на кандидатите. „Неверојатно не фер и недемократски се игра цело време“, коментираат приврзаници на најголем дел од кандидатите за претседател.„ Од 705 делегати, 500 се нивни (на Црвенковски, Ивановски), целиот список е проблематичен, а континуирано се води и валкана игра“ тврдат нашите извори. „СДСМ или ќе се реформира во вистинска смисла на зборот или ќе остане ваков каков што е и ќе продолжи да тоне“, велат партиски членови на најголемата опозициска партија. Заев најавил повлекување на кандидатурата за претседател на СДСМ Актуелниот потпретседател на СДСМ, Зоран Заев по синоќешната седница не сакаше да зборува за тоа што се случувало на синоќешната седница и зошто ја повлекува кандидатурата за претседател на СДСМ.
„Не сакам да коментирам пред јавноста за внатрешните работи на СДСМ. Оваа цела постапка е внатрешна работа на мојата партија и ве молам да оставиме СДСМ да ги донесе најдобрите одлуки за својата иднина“, изјави кусо за Фактор, Зоран Заев, актуелен потпретседател на партијата и кандидат за претседател на СДСМ, по синоќешната седница на ИО на партијата.
Во крајна линија, многу е поважно каков СДСМ ќе имаме после 02 јуни. На Македонија и е потребен нов СДСМ, со нов кадар, свежа крв, нови идеи, ракководство кое ќе биде способно да се спротивстави на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски и кончено да победи на следните парламентарни избори, додава Заев. Кире Наумовски, Зоран Заев, Игор Ивановски и Зоран Јовановски засега најавија кандидатури Зоран Заев, непосредно по дебаклот на СДСМ на локалните избори најави дека на следниот конгрес ќе се кандидира за претседател на партијата, а воедно најави и дека ќе побара корекција на статутот на партија, за отворање на нова функција заменик претседател, предложувајќи ја како негов заменик Радмила Шеќеринска. Но, по синоќешната седница на ИО, кога Заев најавил повлекување на кандидатурата, ситуацијата сега е променета. Освен Заев, за претседателската функција во најголемата опозициската партија кандидатури веќе најавија и Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на СДСМ, потпретседателот на партијата Зоран Јовановски и Кире Наумов. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести