Дали швајцарскиот франк е сигурно засолниште за капиталот?
Вредностите на доларот и јенот тонат, а швајцарскиот франк станува ново засолниште.
Политичката стабилност на Швајцарија, нискиот јавен долг и силната извозна економија го направија франкот привлечно засолниште за капиталот. Сепак, прекумерното зајакнување на валутата создава сериозен предизвик за швајцарската економија. Инфлацијата во Швајцарија е само 0,1 процент, додека референтната каматна стапка на Швајцарската национална банка е на нула. Зајакнувањето на франкот дополнително ги зголемува дефлациски притисоци и ја отежнува позицијата на извозниците.
Претседателот на Швајцарската национална банка, Мартин Шлегел, изјави дека банката е подготвена да интервенира на девизниот пазар доколку е потребно. Сепак, аналитичарите на UBS проценуваат дека масовната интервенција во моментов е малку веројатна. Стратегот на финансиската куќа Ebury, Метју Рајан, процени дека доларот и јенот изгубиле дел од својата репутација како безбедни валути, додека швајцарскиот франк ја консолидирал својата позиција како најпосакувано безбедно засолниште.
Сличен став изрази и аналитичарот на јапонската банка MUFG Ли Хардман, кој истакна дека франкот се покажа како најстабилна валута меѓу развиените економии на долг рок.
foto printskrin youtube