Дали Шпанија наскоро ќе ја признае независноста на Косово?
Претседателот на Косово, Хашим Тачи вели дека е сигурен дека Шпанија наскоро ќе ја признае независноста на Косово.
Тачи не сакаше да направи споредба меѓу отцепувањето на Косово и сепаратистичките движења во Шпанија.
„Шпанија не е Србија, а Каталонија не е Косово“ - рече Тачи.
Во однос на тероризмот, Тачи тврди дека на Косово има нулта толерантност кон терористички и криминални групи.
„Ние ги презедовме сите законски мерки за спречување на радикализмот“ - додава тој.
Косовската декларација за независност од Србија беше спроведена на 17 фебруари 2008 година, а досега стотина земји во светот ја признаа независноста на Косово.
Слично
