Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Сенатот на УКИМ ќе дозволи историски преседан да добие нов Ректор без гласот на студентите?!

Дали Сенатот на УКИМ ќе дозволи историски  преседан да добие нов Ректор без гласот на студентите?!

На еден ден пред закажаниот избор за ректор на УКИМ  не стивнуваат реакциите кај студентите. Велат  неопходно е изборот на Ректор да се направи после демократски избор на студентски претставник,  бидејќи целиот Универзитет носи одговорност за начините на кои ги вклучува студентите во сите тела на одлучување, како и за донесување на законити одлуки, особено при одлуката за избор на Ректор на најстариот универзитет во земјава. Утре Студентскиот пленум ќе ја бојкотира работата на Сенатот доколку повиканите тела и професори не се одважат да реагираат на нелегитимниот процес кој Студентскиот парламент сака да го спроведе и во рамките на највисокото тело во Ректоратот.

“Досегашната процедура ја оценуваме како нелегитимна. Правните акти на универзитетот се прекршени во повеќе наврати. Срамно е што никој не реагира во однос на тоа прашање. Во Сенатот има 10 лица-студенти со истечен мандат  од редовите на СПУКМ  кои ниту ги застапуваат ниту знаат за правата на студентите. Се менуваат правилници и никој никого не го информира за тоа. УКИМ не смее да си дозволи за прв пат да биде направен преседан и да избере нов ректор без гласот на студентите. Исто толку е спорен и изборот на нов претставник на СПУКМ. Прво, доколку не се сменети правилниците, кандидатите не ги исполнуваат условите, односно член 23 од правилникот за спроведување избори вели дека кандидати можат да бидат само студенти кои имаат 24 години. Доколку е сменет правилникот, не е запазена транспарентноста и јавноста на СПУКМ  што пак не води дека целиот процес е нелигитимен ”- вели студентката Александра Филипова од Студентскиот пленум.

На тест вели е Сенатот  составен од еминентни професори кои ги учеле своите студенти и најдобро треба да знаат што значи владеење на правото, законите, вистината и одговорноста. Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” се соочува со нетранспарентно, киднапирано, нелегитимно студентско организирање, па оттука според Филипова нелогично е Студентскиот Парламент на УКИМ да биде фактор на одлуки во изборниот процес.

“СПУКМ е институција која според Законот за високо образование треба да ги претставува студентите и да ги брани нивните интереси, а со години функционира како затворено, нетранспарентно тело во кое седат нелегитимни преставници на студентите и работи само за своите сопствени интереси. Последните избори за Претседател на СПУКМ се распишани во 2012-та година, со што мандатот на сегашниот претседател е завршен веќе 2 години. Со овие дејствија директно го прекршува членот 356 од Статутот на УКИМ во кој се вели дека: „Студентскиот парламент на Универзитетот има свој претседател, кој се избира на тајни и непосредни избори со мандат од 2 години, без право на уште еден последователен избор.” Со ова, лицето, кое неодамна распиша избори за нов претседател на СПУКМ, нема легитимитет да го направи истото” -објаснува Филипова.

Уште еден аларамантен проблем поврзан со работењето на СПУКМ, вели   е нефункционалноста на студентските парламенти на факултетите. Според досегашните анализи кои произлегуваат од разгледаните документи во Централниот регистер дознаваат  дека студентските парламени на матичните факултети не се составени од студенти избрани на тајни и непосредни избори, а повеќето претседатели на истите се со истечен мандат.

“Фактот дека избори за студентски претставници  во парламентите на факултетите не се одржани во последните 3 година укажува дека во нашите парламенти седат студенти со истечен мандат. Ова е директна повреда на чл. 351 кој предвидува изборите за преставници во Студентските парламени на матичните факултети да се одржуваат на секои 2 години. Истите овие нелегитимни студентски претставници со истечен мандат, дале препорака на новите кандидати за претседател на СПУКМ, а со тоа ја довеле во прашање кандидатурата на студентите кои претендираат да станат претседатели на СПУКМ. Имено истата е неважечка бидејќи доаѓа од претставници на факултети кои немаат легитимитет да ја дадат таа препорака”- нагласува студентката од Пленумот.

Дополнително, со целата изборна постапка на СПУКМ, објаснуваат од Пленумот се повредува правото на учество на студентите во управувањето, бидејќи изборите се спроведуваат врз основа на нов Правилник, кој не е достапен во јавноста, студентите и телата на Универзитетот. Истовремено, изборите се спроведуваат по завршување на академската година во време на одмор, спротивно на Академскиот календар, период кога најголем број од студентите не се во можност да излезат на избори и да реализираат своето право на глас.

“Правната аргументација беше доставена до сенаторите. Нашиот правен тим сакаше да поднесе кривични пријави но поради нетранспарентноста на СПУКМ документите кои би требало да ги приложиме како докази не ни се достапни. Ги баравме и во матичните парламенти, но ни матичните парламенти не ги поседуваат.Правилникот кој го споменува  Спировски  не е достапен, што ја нарушува транспарентноста на организацијата  бидејќи и да сакаше некој да се кандидира, немајќи го правилникот немаше да знае како да го направи тоа” -потенцира студентката Филипова од Правниот факултет.

Правната анализа  во продолжение покажува дека двајцата кандидати за нов  студентски лидер се кандидираат со печати од матични факултети, а во анализата нема 13 факултети кои имаат претседател легитимен да стави  печат.

Мандати на претседатели на парламенти

Шумарски факултет – Скопје – завршен мандат

26.09.2013 е избран првиот претседател, Ивица Николовски,  за време на Собрание, без избори, со 17 присутни.

Мандатот завршува на 29.09.2015 година, а од тогаш не се распишани избори.

Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје – завршен мандат

30.10.2009 е избран В.Д. Претседател со 18 од вкупно 40 пратеница , за време на Собрание. На 14.10.2013 година е избран нов претседател, Симона Димовска, за време на Собрание. Студентски избори за претседател и пратеници во Собранието на студентскиот парламент на овој факултет не се споменуваат.  Мандатот е завршен октомври 2015 година.

Прекршени членови: член 27 од Статутот на СППФ кој вели дека Претседател се избира изричито на непосредни избори, со тајно гласање, а мандатот е 2 години.

Економски факултет – Скопје – завршен мандат

На 18.01.2008 е одржано Собрание на кое е изгласан Претседател, Симјановски Спасе. На 01.10.2013 е избран нов претседател, Горјан Танасковски. Мандатот е завршен во октомври 2015 година.

Прекршени членови: член 23 од Статутот на ССЕФ, како и член 5 од Правилник за спроведување на активности.

Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје  - завршен мандат

На 02.06.2006 претседател станува Славчо Кирацовски. Се вели дека е изгласан на избори, но детали за тоа во централниот регистар нема. Следен претседател е Миа Марковска која станува претседател на 28.12.2012 . Мандатот е завршен во декември 2014 година.

Прекршени членови: 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори.

Филозофски факултет – Скопје

Одржано е Собрание на 22.04.2009 каде Претседател е Бобан Трајчевски. Следните записи се дека на 22.02.2016 се свикува Собрание од страна на претседателот Александар Станчевски, и се верификува нов претседател Владимир Крстевски. Информации за избори нема

Прекршени членови: член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

Стоматолошки факултет – Скопје

Собранието го избрало Николче Маркоски со 11 гласа за бидејќи спроведените избори (21.04.2008) резултирале со празна гласачка кутија. На 20.09.2011 избран е Трајче Митрев од страна на Собрание, нема запис за спроведени избори. На 05.05.2014 е избран Никола Маролов со 183 од вкупно 327 гласа, но освен бројот на гласови, нема друг запис за спроведени избори. На 18.06.2015 е избран Марко Младеновски за претседател, но нема никакви записи за спроведени избори освен бројот на гласови.

Прекршени членови: член 30 од Статут на СПУКМ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје

Собранието бира претседатели на 14.09.2009, 20.06.2012 и 03.10.2013. На 02.06.2016 се бира нов претседател по пат на избори, но нема документи за изборите. Собранието го верификува мандатот на претседателот.

Прекршени членови:член 30 од Статут на СПУКМ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

Факултет за музичка уметност – Скопје – завршен мандат

Од 28.06.2007 до 01.03.2013 претседател е Гоце Цоневски. Собранието го избира Васко Рошков на 01.03.2013 година. Мандатот е завршен март 2015 година.

Прекршени членови: член 30 од Статут на СПУКМ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

Педагошки факултет Св. Климент Охридски – Скопје – завршен мандат

Единствениот запис е дека на 04.04.2014 за претседател од страна на Собранието е избран Амир Емини. Нема записи за спроведени избори.Мандатот му завршил во април 2016 година

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

Факултет за ветеринарна медицина – завршен мандат

На 03.02.2014 за Претседател е избран Ѓорѓе Кочев, но освен бројки, нема никаков запис за спроведени избори, ниту запис за одржани седници на Собранието. Мандатот му е завршен во февруари 2016 година.

Прекршени членови:член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје – завршен мандат

Единствениот запис за Парламентот на овој факултет е дека на ден 27.01.2012 е избран Симе Тодоровски за претседател.Мандатот му е завршен во јануари 2014 година.

Прекршени членови: член 30 од Статутот на СПУКМ, член 45 од Статутот на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

Фармацевтски факултет – Скопје – завршен мандат

На 25.11.2011 се верификува мандатот на Мартин Јовановски од страна на Собранието. Нема никакви записи за спроведени избори. На 04.12.2014 се запишува Александар Спиров како претседател, но нема никакви записи за избори. Понатаму нема записи.

Прекршени членови: член 19 од Статутот на СПФФ, член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

Градежен факултет – Скопје  - завршен мандат

Се бира претседател на 25.02.2010 и 04.06.2012. Во двата случаи за претседател е избран Игор Николовски од страна на Собранието, а нема записи за спроведени избори. Мандатот му е завршен во јуни 2014 година.

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

Машински факултет – Скопје – завршен мандат

На 24.08.2009 се избира претседател од страна на Собранието. На 28.10.2013 се избира нов претседател, но нема никакви записи за спроведени избори освен бројки на гласови. Мандатот е завршен во октомври 2015 година.

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

Технолошко-металуршки факултет – Скопје – завршен мандат

На 17.01.2011 на седница на Собрание се бира Драган Ѓорѓиевски за претседател. Следен претседател е Миле Секуловски, избран на 29.06.2012 со тајни избори, но нема запис како се спровеле и детали за изборите. Мандатот му е завршен во јуни 2014 година.

Прекршени членови: член 19 од Статут на СПТМФ, член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

Факултет за ликовни уметности – Скопје – завршен мандат

На 02.02.2011 на местото на Миа Ивановска, претседател станува Ѓорѓи Алтанџиев. Спроведени се избори и од 193 гласале 124 студенти. Нема понатамошни записи. Мандатот е завршен во февруари 2013 година.

Прекршени членови: член 45 од Статут на СПУКМ

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство  - завршен мандат

На 26.03.2013 Давор Поповски станува претседател. Нема детали за спроведени избори, Собранието го верификува мандатот. Нема понатамошни записи. Мандатот е завршен во март 2015 година.

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

Архитектонски факултет – завршен мандат

На 08.03.2013 избран е Томчо Билбилоски, нема детали за избори, иако се наведува дека биле распишани. Понатаму нема никакви записи.

Прекршени членови: член 25 од Статут на СПАФ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на изброи

Медицински факултет – завршен мандат

На 06.02.2012 на непосредни избори е изгласан Душко Димитриевски. На 05.11.2013 Собранието го бира Ненад Врговиќ за претседател. Имињата на членовите на Изборната ком исија не се поклопуваат.

Прекршени членови: член 10 од СПСФ, член 41 од Статут на СПУКМ,

Природно – математички факултет – завршен мандат

Поб арана е активација на Сојуз на студенти во 2008. До тогаш како претседател се водел Миле Ивановски. Понатаму, нема никаков документ.

Факултет за драмски уметности

За реактивирање на друштвото се потпишале 36 студенти, а по спроведени избори избран е Горјан Атанасов за претседател на 14.05.2015.

Факултет за електротехника и информациски технологии – завршен мандат

На 30.06.2009 година Зоран Ристиќ станува претседател. Следен запис е дека на 18.10.2011 Анџело Лазаревски е запишан како претседател, а детали за избори нема.

Прекршени членови: член 19  од Статут на СПФЕИТ, член 21 од Статут на СПФЕИТ, член 27 од Сатут на СПФЕИТ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

Факултет за физичко образование, спорт и здравје – завршен мандат

На 27.11.2014 е избран претседател, Марино Маркоски, од страна на Собрание. Понатамошни записи нема.

Прекршени членови: член 23 од Статут на СПФФОСЗ, член 16 од СПФФОСЗ, член 18 од СПФФОСЗ, член 45 и 46 од Статут на СПУКМ.

Според Студентскиот пленум утре Сенатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и новиот сенаторски состав ќе треба да одлучи дали ќе застане на страна на вистината, на страна на правото, на страна на професионалната етика и моралот и конечно да стави крај на нестатутарното, неодговорното и незаконското работење на Студентскиот Парламент на УКИМ и да не дозволи фалсификување на волјата на студентите.

“Затоа ги повикавме сенаторите да не дозволат дополнително да се валка името и репутацијата на нашиот Универзитет, да не им ги верификува мандатите на фалсификуваните сенатори и да не ја занемари нашата обемна аргументација и анализа која им беше испратена, и да не дозволат одлучување за било што без легални и легитимни претставници на студентите во состав на Сенатот. Тие го искористија совршеното време додека македонската јавност е сконцентрирана на Шарената ревилуција тивко и нечујно да пробараат по актите на Универзитетот и СПУКМ  и тивко и нечујно, нетранспарентно, да спроведат избори.Страшно е  тоа што владејачката партија и го  прави на Македонија, тоа  го прави Студентскиот парламент на Универзитетот ”-порачуваат членовите на Студентскиот пленум.

Слично

Поврзани вести