Дали се закана за Балканот повратниците од Исламска држава?
Заканата од повратниците од странските боишта во земјите од Западен Балкан ќе биде една од темите на денешната Втора меѓународна конференција за борба против тероризмот и насилниот екстремизам во Југоисточна Европа што се одржува во Брдо кај Крањ во Словенија.
Претставници на влади, како и на меѓународни и регионални организации кои се занимаваат со оваа тема ќе разговараат за јакнење на соработката и координација на програмите и активностите во бробата пртив тероризмот и насиилниот екстремизам во ЈиЕ. Воедно, ќе се запознаат со студијата што ја порача Регионалниот совет за соработка (РСС) „Игра на трпение: проценка и одговор на заканата што ја носат странските борци повратници на Западен Балкан.
Конференцијата ја организира Регионалниот совет за соработка заедно со Министерството за внатрешни работи на Словенија, како и со Иницијативата на Западен Балкан за борба против тероризмот и Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа. Првата Конференција за овој проблем е одржана во ноември во Тирана. Република Македонија како основач и активен член на Процесот за соработка во Југоисточна Европа активно партиципира на овие собири.
