Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ СЕ ТОА ФАНТОМИ: Во Косово имаат повеќе гласачи од жители

ДАЛИ СЕ ТОА ФАНТОМИ: Во Косово имаат повеќе гласачи од жители

Во избирачкиот список на Косово се запишани 1.872.941 избирачи, а бројот на жителите во земјата е 1.739.000.

Ваљдете Дака, претседателка на Централната изборна комисија (ЦИК) вели дека се е подготвено за изборите, независно од предизвикот дека изборите се организирани за кус временски рок. Додава дека дијаспората нема можност целосно да гласа. Косовската дијаспора е навистна голема, вели таа. 

„Иако не располагаме со точна бројка, сигурни сме дека има над 500.000 лица, кои живеат и работат надвор од Косово. Кога беше спроведен пописот на населението емигрантите не се попишани. Поради тоа бројот на гласачите е поголем од бројот на жителите на Косово,зашто според евденцијата на Министерството за внатрешни работи тие се државјани на Косово“ - кажа Дака.

Таа додава дека за неколкуте дена, колку што траел рокот, аплицирале 20.000 косовски граѓани од дијаспората, а регистрирани се 15.000, чии гласови ќе стигнат по пошта, што навистина е незначителна бројка.

ЦИК првпат на овие избори ќе има главна улога во организирањето на изборите во севернот дел на Косово, каде живее српско население.

Слично

Поврзани вести