Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ СЕ СПАСИЈА ОД ДОЛГАТА РАКА НА СЈО? Ова се помилуваните во Титаник, Тврдина и Тортура!

ДАЛИ СЕ СПАСИЈА ОД ДОЛГАТА РАКА НА СЈО? Ова се помилуваните во Титаник, Тврдина и Тортура!
Сите три предмети кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева, ги затвори Претседателот Ѓорѓе Иванов. Осомничените во случаите „Титаник“, „Тортура“ и „Тврдина“ со потпис на шефот на државата се поштедени од секаков кривичен прогон. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше првоосомничена во случајот „Титаник“, а третоосомничена во предметот „Тврдина“, како и во уште други 11 предмети кои биле во истражна или предистражна постапка во СЈО. СЛУЧАЈ „ТИТАНИК“ Ова беше првиот предмет што го отвори тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Осомничени беа поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, секретарот на Владата, Кирил Божиновски,  градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, како и четири лица вработени во МВР и Агенцијата за разузнавање. Се водеше истрага за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал. Специјалното обвинителство објави дека поседува голем број докази дека осомничената група целосно го криминализирала изборниот процес и тоа во повеќе изборни циклуси, почнувајќи од 2012 година. 01012015131807_gordana-jankulovska-1 „Во овој предмет после огромен број на предистражни дејствија, врз основа на огромен број на индиции и се разбира докази, произлезе основано сомнение дека одредена група на луѓе, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето или во превод преку целокупното криминализирање на изборниот процес и освојување на власт.“, изјави обвинтелката Фатиме Фетаи на прес конференцијата одржана на 12 фебруари, кога беше обелодената акцијата „Титаник“. Mile-Janakieski1-620x439 Сите осомничени во овој предмет сега се ослободени од секаква вина, а доколку беа прогласени за виновни во судска постапка, им се закануваа затворски казни од три и повеќе години. Помилувани од случајот „Титаник“ Гордана Јанкуловска Миле Јанакиески Кирил Божиновски Киро Тодоровски Надица Велевска Мунир Пепиќ Едмонд Темелко Коста Митровски СЛУЧАЈ „ТОРТУРА“ Начинот на апсење на Љубе Бошкоски, ден по изборите на 5 јуни 2011 година, беше вториот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во овој предмет првоосомничен, според доказите на СЈО, беше поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, потоа командантот на единицата АЛФИ Ивица Анчевски и уште петмина полицајци од оваа единица. Сите беа осомничени дека сториле кривично дело „мачење и друго сурово нечовечко и понижувачко постапување и казнување“. mijalkov „Првоосомничениот како службено лице, како директор на Управата за  безбедност и контраразузнавање поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба ги навел останатите осомничени,  полициските службеници во единицата Алфи, да во вршење на службата при лишување од слобода на осомничено лице, кај истиот предизвикаат душевно страдање.“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи, која во детаљи го објасни приведувањето на Бошкоски за случајот „Кампања“ и заканите и навредите кои му биле упатени на лидерот на Обединети за Македонија. ljube_boskoski_apsenje За начинот на апсење на Љубе Бошкоски, слушнавме и во една од „бомбите“ кои ги објави лидерот на СДСМО Зоран Заев. Во нив, првоосомничениот кој беше во овој случај, Мијалков, разговара со главниот уредник на „Сител“ Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал 5 Телевизија Емил Стојменов. Ова е само мал сегмент од транскриптите, кои ги објави опозициската партија. Разговор меѓу Мијалков и Латас СМ: А бе лежеше тука 40 минути бе, сите го гледаа бе. ДПЛ: Леле, леле, леле. СМ: Па го вртеа со глаата према WC, со лисиците. Народ гледа. ДПЛ: Леле, леле, леле СМ: Му е*ав мајката, што да ти речам сега. Разговор меѓу Мијалков и Стојменов ЕС: Е така сигурно. Еден пријател тука сега вика кога ќе го види Шевенинген како Холидеј Ин ќе му се видело вика, ќе сака да се врати назад. СМ: Охо сега во Шутка, ќе го јаде таму, ќе го е… наркомани. ЕС: Нека го е.., што го еб… Јадеше гомна… СМ: Наркомани, пошто он сака со нив многу да се дружи. Сепак, Бошкоски не се најде меѓу 57 помилувани од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов, иако тој е жртва на осомничените кои сега добија милост. Брат Љубе и натаму останува во затворот Идризово, каде одлежува петгодишна казна затвор, која му истекува на 6 јуни. Помилувани од случајот „Тортура“ Сашо Мијалков Ивица Анчевски Петар Милошевски Филип Атанасов Горанчо Тодев Метуш Шабани Новица Станковски СЛУЧАЈ „ТВРДИНА“ По „Титаник“ и „Тортура“, следеше отворање на уште еден случај, чие кодно име почнуваше на буквата „Т“ – „Тврдина“. Специјалните обвинители  истражуваа незаконско уништување на опрема за прислушкување во УБК чија вредност изнесувала 10 милиони евра. Осомничени во овој предмет беа началникот на Петта управа на МВР Горан Грујевски, уште две раководни лица во МВР, архиварка, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. СЈО тврдеше дека поседува голем број на материјални докази, како и изјави на сведоци за ова криминално дело. goran_gruevski_uapsen „Во овој предмет осомничени се двајца началници на Оддели при Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерот за внатрешни работи, кои во првата половина од 2015 година заедно со искористување на службената положба и овластување и со пречекорување на границите на нивното службено овластување, со умисла помогнати од осомничениот Началник на една од единиците во Управата, ги уништиле системите за следење на комуникации, со што нанеле штета на средствата на државата и Буџетот на Република Македонија во износ од 10.000.000,00 евра или 615.000.000,00 денари.“, објасни на прес конференција обвинителката од СЈО Ленче Ристовска. Началникот на Петта управа Горан Грујевски, кој од сите осомничени во овие три случаи, доби мерка притвор. Првично од 30 дена во истражниот затвор во Шутка, а потоа му беше заменет со домашен притвор. На осомничените од „Тврдина“ им се закануваа казни затвор од 5 до 20 години. Но, сега со потписот на Иванов, пропадна можноста СЈО да ја докаже нивната вина во судница. Помилувани од случајот „Тврдина“ Горан Грујевски Тони Јакимовски Гордана Јанкулоска Никола Бошкоски Валентина Симоновска Ова се трите случаи кои ги обелодени СЈО и за кои веќе имаше осомничени лица. Останува енигма како дознал Претседателот Иванов кои се останатите лица, за кои тимот на Јанева спровел само предистражни постапки. Кој му шепнал на шефот на државата дека поранешниот министер е под истрага за 16 дела или пак за Јанкулоска дека е осомничена за вмешаност во 13 криминални активности или екс премиерот Груевски кој е помилуван пет пати во различни предмети? М.Ј.
Слично

Поврзани вести