Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали се смирија Заев и Црвенковски?

Дали се смирија Заев и Црвенковски?
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на негово барање, се сретнал со својот претходник Бранко Црвенковски, информираат од СДСМ. На десетина дена по клучниот Конгрес на партијата тие испратија заеднички пораки за единство. И двајцата заклучиле дека „нема непријатели внатре во СДСМ, туку дека постои едно зло што и нанесува штета на државата, а тоа се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и дека сите сили треба да се насочат кон доброто на земјата“. Ваквите пораки доаѓаат по острите зборови кои си ги разменија Заев и Црвенковски пред Конгресот на СДСМ. Поранешниот партиски лидер тогаш во интервју за „Дојче веле“ истакна дека ниту тој ниту Заев не се решение за партијата во овој момент, а како лидер на СДСМ го промовираше претседателскиот кандидат на социјалдемократите Стево Пендаровски. Заев, пак, возврати дека со ваквите пораки во пресрет на Конгресот Црвенковски и нанесува штета на партијата. Токму луѓето кои важат за блиски на Црвенковски на Конгресот на СДСМ побараа оставка од Заев заради изборните резултати, но не добија поддршка од мнозинството од делегатите.
Слично

Поврзани вести