Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали се очекува нафтена криза поради блокадите на Евзони?

Дали се очекува нафтена криза поради блокадите на Евзони?

Поради штрајкот на грчките земјоделци една седмица цистерни со гориво не можат да влезат во Македонија и да извршат дотур на нафтени деривати. 

На граничните премини, како што објави 24Вести, за влез во земјава чекаат 30 цистерни. Преминот Евзони е затворен за сообраќај поради штрајкот на грчките земјоделци, но проток на цистерни нема ниту на граничниот премин Дојран кој е во функција како алтернатива, додека за нафтоводот сѐ уште се чека на зелено светло од владата. Од Окта велат дека доколку не се најде решение ќе се почуствуваат првите знаци на криза со гориво, со оглед на тоа дека количината за влез е 750 илјади килограми дизел.

Од Царинската управа објаснуваат дека не е дозволено да се врши изнесување и транзит на нафтени деривати преку граничниот премин кај Дојран, но упатуваат да се користат граничните премини за Бугарија и тоа Делчево и Ново Село.

Слично

Поврзани вести