Дали се безбедни нискобуџетните авиокомпании?
Ниско буџетни компании од белградскиот аеродром летале кон Мадрид, Лондон и Амстердам со помалку гориво од пропишаниот минимум пишува српскиот весник блиц. Некои од нив практично летале на резерва, е констатирано преку увид во документите.
Агенцијата за цивилно воздухопловство во Србија пред две недели издала наредба за вонредна проверка на количините гориво со кои полетуваат авионите од Белград.
Од Агенцијата, за Блиц велат дека проблемот не бил детектиран кај нив, туку во други земји, но имале обврска да спроведат контрола.
Постои точно пропишана количина гориво која секое летало мора да ја има во резервоарот за одредена линија. Во тоа е пресметана количината потребна за летање од почетната до крајната дестинација, плус количина потреба за да се стигне до најблискиот алтернативен аеродром за слетување.
Слично
