Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали САД му врти грб на Албин Курти?

Дали САД му врти грб на Албин Курти?

Според косовски аналитичари, Вашингтон го игнорира косовскиот премиер Албин Курти.

Амбасадата на САД во Приштина организира дискусија за Заедницата на српски општини, а на овој настан не е повикан косовскиот премиер Курти. Експертот за политички прашања Арбнор Садику објасни дека ова игнорирање е јасна порака од САД за Курти.

„Игнорирањето на премиерот Албин Курти од страна на американската амбасада е доказ дека косовската страна не е таа која соработува со Западот околу постигнувањето договор за ЗСО, а истовремено е предупредување дека САД навистина можат да формираат ЗСО на Косово и без Самоопределување и Аљбин Курти“, истакнува Садику.

Бељгзим Камбери од Институтот Мусине Кокалари вели дека во случај на дискусијата за ЗСО да нема претставници на косовската влада дека тоа ќе докаже дека дошло до влошена комуникација.

Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, велат дека е време да се формира заедница на општини со српско мнозинство и дека тоа е правно обврзувачка меѓународна обврска.

Сега на маса е француско - германски предлог за кој српскиот претседател Александар Вучиќ трпи критики. 

Босански Ослобоџење објави дека Албанците од јужна Србија ќе протестираат во март и ќе бараат заедница на албански општини. Според весникот, тие се повикуваат на бројноста на албанското население во јужниот дел на државата. 

Хуманитарецот и директорот на Француската невладина организација „Солидарност за Косово“, Арно Гујон месецов изјави дека откако Курти е премиер на Косово, имало 301 напад на Србите и никој не одговарал. 

фото EPA

Слично

Поврзани вести