Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали рускиот гас на крајот сепак ќе се врати во Европа?

Дали рускиот гас на крајот сепак ќе се врати во Европа?

На светот уште долго ќе му биде потребен руски гас. 

„Потребни се уште инвестиции да се осигура сигурноста на снабдувањето и пристапните цени на енергенсите во текот на глобалната енергетска транзиција“, соопштија денеска министрите на Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саад Ал Каби и Сухаил Ал Мазруи. 

Ал Каби рече дека благата зима во Европа ја собори цената на гасот. Сепак, според нив нестабилноста на цените ќе трае уште некое време.  Поголема количина на енергенти нема да стигне на пазарот до 2025 година. 

„Прашање е што ќе се случи ако Европа посака да ги наполни своите складишта со гас за оваа и следната година“, вели Ал Каби, пренесе Ројтерс. 

Но, тој смета дека на крајот рускиот гас ќе се врати во Европа. Велат дека колку повеќе ќе имаме енергија од обновливи извори, толку повеќе ќе биде потребен гасот како осноен извор на снабдување. Катар е еден од најголемите производители на гас во светот, а ОАЕ на нафта. 

Русија е под санкции поради инвазијата на Украина, а ЕУ обвини дека рускиот претседател Владимир Путин го користи гасот како „оружје“ со кое уценува. 

Иако цените на нафтата и гасот забележаа значителен пад и на крајот на минатата и на почетокот на оваа година, енергетската криза не е завршена.

EPA-EFE/ALI HAIDER

Слично

Поврзани вести