Дали руската база во Ниш е шпионска?
Руско-српски хуманитарен центар во Ниш, бетонска зграда опремена со екран за надзор со складиште за опрема за спасување која служи за обука. Дали ова е центар за помош во случај на несреќи, или е во служба на шпионирање на Кремљ во центарот на Балканот, наведува АП. Агенцијата, која ја посетил новинарот, како што вели, содржи видливи елементи кои укажуваат дека објектот не е наменет да биде ништо друго, туку помош во случај на поплава, шумски пожар или било која друга елементарна непогода.
„Во делови на објектот, кои му биле претставени на новинарот на АП, имало големи екрани за надзор, опрема за прва помош, гумени чамци, возила, мини шатори и противпожарна опрема, пишува АП.
Одредени западни невладини организации и воени аналитичари тврдат дека на Русија оваа воена база и била наменета за шпионирање на руските воени интереси на Балакнот, наведува АП.
Агенцијата пишува дека Србија и понатаму е блиска до Русија, а дека нејзините соседи се недоверливи во врска со намерите и присуството на Москва, како и дека тоа особено се однесува на земјите од поранешниот советски блок како што се Бугарија, Романија и Унгарија, кои со децении биле под комунистичка власт по Втората светска војна.
Агенцијата пренесува тврдење на западни аналитичари кои велат дека оваа база, која заеднички ја водат српската и руската влада, во близина на воениот аеродром во Ниш, претставува руски одговор на ширењето на НАТО во овој регион. Секоја држава, која се граничи со Србија, која се приклучила или планира да се приклучи на воената алијанса, додава агенцијата, објаснувајќи дека од НАТО одбиле да ја коментираат целта на оваа база.
Претставниците на ЕУ, како што пренесува АП, рекле дека доколку Србија стане членка на блокот, ќе мора да се приклучи кон европските програми за помош во вонредни ситуации и да се огради од руските.
Еден од раководителите на центарот, Вјацеслав Влашенко, им рекол на новинарите дека „гледаат во технологијата на Џејмс Бонд“. Влашенко рекол дека центарот е опремен „далеку од потребите за шпионирање на соседна Романија, каде неодамна е инсталиран американскиот антиракетен штит, или Косово, каде се распоредени мировни сили на НАТО и каде САД имаат база“.
„Невозможно е да се претвори овој центар во шпионска база. Мал е, а од персонал имаме само тројца Срби, неколку Руси и никој повеќе. Дури ни зградата не е наша“, рекол тој.
Се пожалил дека соседите на Србија, Хрватска, Македонија и БиХ, ја одбиле помошта на Русија за време на големите природни непогоди и мигрантската криза.
„Тоа е само политика. Велат дека Путин е лош, Русија сака да доминира...политичките мотиви треба да се изземат“, рекол тој.
Руските власти и официјално објасниле дека тврдењата дека во центарот постои воен фактор немаат никаква основа.
