Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Русите стојат зад хакерските напади кои ја „тресат“ Црна Гора?

Дали Русите стојат зад хакерските напади кои ја „тресат“ Црна Гора?

Хакирани се неколку владини веб-страници во Црна Гора. 

Од Владата велат дека се преземени навремени мерки за да се ублажи неговото влијание, пренесува „Ројтерс“.

Нападот може да вклучи прекини во јавните комунални претпријатија, транспортот (вклучувајќи ги граничните премини и аеродромите) и телекомуникацискиот сектор. 

Нападот, кој започнал во четвртокот навечер, личи на неколку други кои биле забележани во изминатите неколку години во Црна Гора, а Подгорица веќе ги информирала своите сојузници за ваквите напади.

НАТО е запознаен со извештаите за сајбер напади во Црна Гора и е подготвен да им помогне на црногорските власти, соопштија за Гласот на Америка од Алијансата, по повод зачестените хакерски напади врз IТ структурата на владата.

Руски служби стојат зад хакерскиот напад на информативната структура на Владата на Црна Гора, потврдија од Агенцијата за национална безбедност за Радио Слободна Европа. 

Слично

Поврзани вести