Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Русија сепак ќе банкротира за 30 дена?

Дали Русија сепак ќе банкротира за 30 дена?

Официјална Москва денеска објави дека ќе пренасочи дополнителни 273,4 милијарди рубљи (3,4 милијарди долари) во својот фонд за „црни денови“. 

Oд нив 271,6 милијарди рубљи потекнуваат од приходите од продажбата на гас и на нафта добиени во првиот квартал од годинава.  Русија го зголемила фондот за „црни денови“ на својата со санкциите погодена економија, за 3,4 милијарди долари од почетокот на војната во Украина. Русија се приближува кон прв случај на неплаќање долгови уште од 1998 година, пишува „Фајненшел тајмс“.

Официјална Москва сега има 30 дена грејс период да им ги испорача парите на инвеститорите пред да биде прогласен банкрот. Но, според аналитичарите тоа е тешко да се оствари.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести