Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Русија ќе ја девалвира рубљата со 10 проценти?

Дали Русија ќе ја девалвира рубљата со 10 проценти?

Финансиските пресметки покажуваат дека курсот на националната валута е зголемен. 

Руското Министерство за финансии предлага рубљата да биде девалвирана со 10% , објави весникот „Комерсант".

Причината се пресметките, кои покажале дека курсот на националната валута е зголемен. Со девалвација требало да биде избалансиран сојузниот буџет.

При цена на нафтата од 40 долари за барел, просечниот годишен курс на рубљата треба да биде 69,42: 1. Тогаш буџетскиот дефицит ќе биде 3,1% од бруто домашниот производ, а трошоците на резервните фондови - 1,8 трилиони рубљи (речиси 30 милијарди долари).

При сегашната цена на нафтата која е 55 долари за барел, дефицитот ќе биде 1,5% од БДП, а трошоците на фондовите - 464 милијарди рубљи (7,7 милијарди долари).

Во Министерството за финансии во Москва сметаат дека без девалвација на рубљата балансот на федералниот буџет е можен при цена на нафтата од најмалку 76 долари и повеќе за барел. 

Слично

Поврзани вести