Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ РУСИЈА ЌЕ ГО СОПРЕ ГАСОТ И ВО ХРВАТСКА? „Можно е, одлуките на Путин се целосно непредвидливи“-оценуваат економските аналитичари

ДАЛИ РУСИЈА ЌЕ ГО СОПРЕ ГАСОТ И ВО ХРВАТСКА? „Можно е, одлуките на Путин се целосно непредвидливи“-оценуваат економските аналитичари

Економистот Дамир Новотни кој гостуваше во емисијата „Нови дан“ ги коментираше заканите на Русија дека ќе ја прекине испораката на гас.

Новотни, како што пренесува Н1, не мисли оти Русија ќе донесе одлука да престане да испорачува гас и на Хрватска.

„Можно е, се разбира, неизвесно е и не можеме ништо да предвидиме бидејќи руската политичка елита во моментов е непредвидлива, одлуките на Путин се целосно непредвидливи, не можеме да бидеме сигурни за насоката на неговите одлуки, особено економските. Тој и порача на руската јавност дека санкциите не нанеле никаква штета на руската економија, што едноставно не е точно. Така што не верувам дека ќе има драстични блокади“, рече Новотни како гостин на Нов ден.

Инаку, рускиот енергетски гигант Гаспром веќе објави дека ги прекина сите испораки на гас за Бугарија и Полска, откако двете земји одбија да платат за гасот во рубљи, пренесува Би-Би-Си.

Полските и бугарските снабдувачи со гас претходно соопштија дека добиле официјални известувања од Гаспром за прекини во снабдувањето. Соопштението на компанијата дојде откако податоците утринава покажаа дека испораките на Полска преку Белорусија привремено паднале на нула.

ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Слично

Поврзани вести