Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ РУСИЈА Е БЛИЗУ БАНКРОТ? Финансиските проблеми на Москва напредуваат побрзо од нејзината армија-анализира Индекс

ДАЛИ РУСИЈА Е БЛИЗУ БАНКРОТ? Финансиските проблеми на Москва напредуваат побрзо од нејзината армија-анализира Индекс

Финансиските проблеми на Русија едноставно напредуваат побрзо од нејзината армија. Самите санкции се најмал проблем, бидејќи некои од нив се уште не се спроведени, а повеќето од нив немале време да предизвикаат никаков ефект, пишува хрватскиот портал Index.hr.

Како што се наведува, она што „ја уништува Русија во моментов се очекувањата“.

-Тие очекувања, освен координираната изолација на Русија, се поврзани и со воената ситуација во Украина, која не се развива како што замисли Путин. Вредноста на националната валута падна на повеќе од 100 рубли за еден долар, со што изгуби една третина од вредноста од почетокот на годината. Дури 40% од девизните резерви на Централната банка на Русија се замрзнати, што сериозно ја ограничува нејзината способност да се бори против падот на рубљата – наведува Index.hr.

Затоа Москва е принудена да воведува строги политики, како што е зголемување на референтната каматна стапка од 9,5% на 20%, а Министерството за финансии им препишало на извозните компании дека мора автоматски да менуваат 80% од девизната заработка за рубли.

Голем дел од финансискиот систем на Русија е исфрлен од SWIFT, глобалната мрежа со која комуницираат повеќето финансиски институции во светот. Ова сериозно го комплицира бизнисот и ја принудува Москва да бара алтернативни, помалку безбедни канали.

Московската берза е затворена веќе три дена. Пред затворањето, берзанскиот индекс остро падна поради острата распродажба. Затоа е донесена уредба за забрана на странците да продаваат акции, што и онака не можат да го направат бидејќи берзата е затворена.

Странските инвеститори поседуваат акции во Русија во вредност од 15 до 20 трилиони рубљи, што е приближно една третина од пазарот, пишува Индекс. Федерацијата на европски берзи, организација која ги обединува сите берзи во Европа, го укина набљудувачкото членство на Московската берза. Одлуката е донесена едногласно, а во соопштението се изразува длабока поддршка за народот на Украина. Некои членки, како што е Германската берза со седиште во Франкфурт, веќе забранија тргување со акции на руски компании и тргување со инвеститори од Русија. Акциите на руските компании на лондонската берза изгубија дури 98 отсто од вредноста. Ништо подобра не е ситуацијата во Њујорк. Стотици милијарди долари испариле.

Гаспром, Сбербанк, Роснефт...иста е ситуацијата со секоја компанија, се занимаваа со нафта или финансии. Сбербанк изгуби 99,99% од својата вредност, а моменталната цена на акцијата е еден цент. Во 2022 година банката влезе со цена на акција од 16 долари. Во моментов тргувањето е блокирано, па акциите на најголемата руска банка не можат да се купат за ниту еден цент.

Од друга страна, колапсот на европската Сбербанк не претставува ризик за стабилноста на финансискиот систем на ЕУ. Не само што Европската Сбербанк не е важна банка во ЕУ, туку матичната Сбербанк, убедливо најголема во Русија, е само 26-та најголема банка во Европа, пишува Индекс. Војната во Украина и санкциите наметнати на Централната банка на Русија, т.е. замрзнувањето на 40% од девизните резерви може да доведе до тоа Русија да не може да ги врати долговите. Тоа практично значи државен банкрот. Всушност, Русија веќе престана да враќа некои долгови, што е практично банкрот. Централната банка на Русија го забрани плаќањето на купони за сопствениците на обврзници. Купонските плаќања се како камата и издавачот на обврзницата мора да плаќа одреден процент од номиналната вредност на сопственикот на обврзницата на годишно ниво, до доспевање на обврзницата, кога издавачот на обврзницата (во овој случај Русија) мора да ја врати целосната вредност на обврзницата на сопственикот на обврзницата. Исплатата на овие купонски плаќања ја стопираше Централната банка на Русија со цел да се запре одливот на долари од руската економија, што дополнително го влоши курсот на рубљата во однос на доларот. Странските сопственици добиваат купони во рубљи, но потоа купуваат долари и на тој начин ја намалуваат сумата на долари во Русија, а ја зголемуваат сумата на рубљи, што создава дополнителен притисок за намалување на вредноста на рубљата.

Накратко, тоа е очајнички потег кој се обидува да ја запре девалвацијата на рубљата, но во исто време Русија практично престана да ги враќа долговите, т.е. банкротираше, се вели во анализата на Индекс.хр

Руските банки и компании должат речиси 400 милијарди долари во странство, но и да сакаат тие долгови не можат да ги вратат поради забраната на Централната банка на Русија. Тие се принудени да не ги враќаат долговите, што технички е банкрот, објаснува Индекс.

Санкциите се прошируваат од ден на ден, а новите санкции што ги најави ЕУ сериозно ќе и наштетат на руската економија. Новите санкции ќе ја ограничат способноста на руските компании да купуваат или продаваат стоки и услуги од компании надвор од Русија.

Списокот на компании кои престанаа да работат на рускиот пазар е навистина многу долг: Apple, Audi, AMD (чипови), Amazon, Adobe, BMW, Bolt, Boeing, Chevrolet, Cadillac, Carlsberg, Coca-Cola, Danone, Disney, Dell, Ericsson, Ford, General Motors, Harley Davidson, Intel, Jaguar, Lenovo, Maersk, Mercedes, Netflix, Nike, Nestle, Porsche, Renault, Scania, Volvo, Volkswagen и многу други.

Очигледно, финансискиот удар за Русија ќе биде огромен. Дури и да се постигнат сите воени цели во Украина, цената што Русија ќе ја плати поради војната ќе биде астрономска.

Прво, ќе има ликвидносна криза во финансискиот сектор, по што Централната банка ќе мора да ја „удри“ рубљата за да ја одржи ликвидноста, што дополнително ќе ја девалвира валутата, а Централната банка на Русија не може ефективно да го одржува девизниот курс бидејќи нејзините девизни резерви се замрзнати. Инфлацијата веќе се искачи на 9,05% годишно заклучно со 25 февруари, а до тој датум ништо од горенаведеното не ни почна да се случува.

Дури и да победи Русија, тоа ќе биде класичен пример за Пирова побеса, заклучува Индекс.

Слично

Поврзани вести