Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали разузнавачка служба вмешала прсти во нападот во Реина?

Дали разузнавачка служба вмешала прсти во нападот во Реина?

Се верува дека напаѓачот од новогодишната ноќ од Истанбул бил поврзан со разузнавачка служба. 

Нападот во клубот Реина е извршен професионално и во него е вмешана разузнавачка организација. Ова го изјави турскиот вицепремиер Нума Куртулмуш, цитиран од Индипендент.

„Изгледа дека нападот од Реина не е само акција на терористичка организација, туку има вмешана и разузнавачка служба. Тоа е исклучително добро планирана и организирана акција“- изјави Куртулмуш. 

Претходно групата „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот, во кој на новогодишната ноќ маж пукаше и уби 39 лица, а рани 70 луѓе. Меѓу убиените имаше луѓе од различни држави. 

Во последните две недели десетици лица на територијата на Турција се уапсени и испрашувани во врска со нападот. Полицијата соопшти дека го знае идентитетот на сторителот, кој  е на слобода. 

Претходно властите соопштија дека според нив, атентаторот дејствувал сам, но исто така може да бил дел од терористичка ќелија, која му помогнала да го организира нападот. 

Се трага со недели по напаѓачот. Медиумите пишуваа дека се работи за човек кој не е од Турција. 

Нападот е одмазда за учеството на турската војска во воените интервенции во Сирија.



Слично

Поврзани вести