Дали Путин ќе се согласи на очајнички мерки?
Како цените на нафтата, санкциите и одливот на капитал ја влечат Русија кон рецесија, почнаа да се шират приказни како државата би можела да продаде некои компании.
Целта на Кремљ е така да се пополнат дупките во јавните финансии, а аналитичарите предвидуваат дека на инвеститорите би можеле да им бидат понудени Sberbanka, VTB банка, како и нафтениот гигант Rosnjeft.
Меѓутоа, рускиот претседател Владимир Путин гi разлади малку овие шпекулации велејќи дека државен имот нема да биде поклонет, посебно не по „џабе“ цени.
Исто така, шпекулациите ја зачудиле и инвестиционата јавност, посебно сега кога сите се сведоци на нервозата околу макро-економската ситуација.
Во тек е состанок на кој се расправа за овие приватизации, а Путин непосредно пред почетокот рекол дека, иако процесот на провитизација би играл „значајна улога во промена на структурата на руската економија и прилив на приватни инвестиции ... тоа не смее да доведе до губeње на контролата во стратешките важни државни компании“, рекол Путин.
Медимите ги пренесуваат наводите на аналитичарите кои велат дека и покрај неподготвеноста на Путин да го продаде државниот имот-очајните времиња бараат очајни мерки.
