Дали пучот во Турција го организирале старешини Албанци?
Повеќето старешини кои го организирале обидот за воен удар во Турција се со албанско потекло.
„Шќиприа име“ ја објави оваа информација под наслов „Воен пуч во Турција, повеќето од старешините се Албанци.Еве ги имињата“.
Главниот обвинет за организирање на обидот за пуч во Турција е генерал Акин Озтурк, чие потекло е од Косовска Митровица. Генералот Адем Худути, е роден на Косово.Тој пред да ја преземе командата над турската Втора армија командуваше со единиците на границите со Русија и Грција, а извесно време беше на чело на турските сили во Авганистан. Роден е во 1952 година во селото Речане кај Призрен, а неговото семејство се преселило во Турција кога имал пет години.
На чело на овој пуч е и генерал-потполковник Метин Идил со албанско потекло. Од 29 уапсени полковници и пет генерали, 25 имаат албанско потекло.
Според албанските портали, меѓу главните осомничени е и воениот пилот Јусуф Курт, кој го собори рускиот авион. Тој потекнува од селото Букороц кај Призрен.
