Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали професорката од Трстеник доби извинување од учениците кои ја исмеваа?

Дали професорката од Трстеник доби извинување од учениците кои ја исмеваа?

Српската професорка Марија Стевановиќ, која работи во техничкото училиште во Трстеник вели дека е трогната од поддршката на нејзините колеги. Но, ниту еден од учениците, ниту нивните родители не се извиниле, откако на час учениците ја малтретираа, исмеваа, го повлекоа нејзиното столче за да падне. 

Жената е на боледување, а илјадници нејзин колеги протестираа со цел да се подобрат условите за работа и да не трпат малтретирање на работа. 

Момчето кое учестуваше во инцидентот, се обидело да изврши самоубиство и е пренесено во болницата во Крушевац. Неговата состојба е стабилна, а српските медиуми пренесуваат дека татко му пријавил дека момчето се обидело да се самоубие.

По инцидентот, училиштето избрка двајца од учениците. 

Слично

Поврзани вести