Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали преживеа Владата на Ципрас?

Дали преживеа Владата на Ципрас?

Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас преживеа уште едно гласање недоверба.

Со 153 гласа „за“, Владата на Ципрас вечерва доби доверба од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, гласаа 289, од кои 136 беа против.

Освен пратениците на СИРИЗА и оние кои ја поддржуваат Владата и се на министерски позиции, позитивно за доверба на владата гласаше и пратеникот Јанис Саридис од партијата Сојуз на централисти.

На тридневната расправа што започна во средата попладне и траеше околу 29 часа, дискутираа 112 говорници, меѓу кои и премиерот, лидерите на политичките партии и министри од Владата.

Слично

Поврзани вести