Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали предвремените избори се пред одложување?

Дали предвремените избори се пред одложување?

Од партиите само ВМРО-ДПМНЕ до ДИК доставила листа со предлози за избирачки одбори.

ДУИ и ДПА тоа не го направија во законскиот рок, а СДСМ претходно најави дека нема да учествува на изборите.  Од ДИК велат дека тоа не е дефинитивен став на трите партии дека нема да учествуваат на изборите. Роковите може да се поместат, а партиските членови да се вратат во избирачките одбори. Од  ВМРО-ДПМНЕ се категорични дека изборите треба да се одржат на 5 јуни, СДСМ бара Иванов да ја повлече аболицијата, но и да се создадат услови за фер избори. ДПА досега не соопшти дали ќе учествува на изборите, а ДУИ ги повика политичарите да отстапат од партиските интереси. Од ДУИ велат дека нема да одат на избори, ако сите партии не учествуваат.

Слично

Поврзани вести