Дали пожари ќе го зафатат целиот Балкан?
Податоците на НАСА, кои метеорологот Борис Секирарски ги сподели на социјалните мрежи, покажуваат дека 14 земји од Балканот се во опасност од пожари и на копно, но на помалите околни острови.
Американската агенција за аеронаутика и вселена предупредува на вкупно 166 можни пожари на критичните локации во земјите од т.н. проширен Балкан, а само во изминативе 24 часа најмногу локации се детектирани во дел од Турција и тоа 76. Во Грција каде изгореа 80, повредени се 200 лица, а стотици семејства останаа без своите домови, и натаму е под закана од пожари и тоа на 7 различни места.
Во Македонија, Словенија, Босна и Албанија се забележани по две локации, на кои постои опасност да избувне пожар. Во Бугарија, НАСА предупредува на 11 локации, а според истите податоци во Србија под закана се 26 места.
