ДАЛИ ПОВТОРНО ЌЕ ИМА КАРТИЧКИ? Владата крои нови мерки за директна помош на граѓаните и фирмите
Владата планира да подготви нов сет антикризни мерки за што веќе во буџетот имало слободни 130 милиони евра, објави денеска мандатарот на новата влада, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Рече дека енергетскат акриза исто така ќе бид епреокупација на Владата, односнио најмногу транзицијата за да станеме енергетски посамостојни и самоодржливи.
„Што се однесува до директната поддршка за граѓаните и стопанството, подготвуваме сетови на антикризни мерки кои ќе дадат силен стимул за компаниите и ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните. Свесен сум колку се сите економски исцрпени од кризата предизвикана од Ковид пандемијата која сега се надоградува и со енергетската криза. Но, за тоа како Влада имаме одговор. Ние веќе имаме искуство со слични мерки во пандемијата кои според ММФ беа одлично димензионирани и со кои заштитивме повеќе од 60.000 работни места. Како тогаш така и сега, веќе работиме на тоа да дефинираме мерки преку кои најефикасно ќе се алоцираат средствата за санација и поддршка онаму каде е најпотребно. Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра и во наредниот период следуваат антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството, вели Ковачевски.
