Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали повисок минималец ќе донесе повеќе пари во џебот на работникот или ќе се користат „дупките во законот“?

Дали повисок минималец ќе донесе повеќе пари во џебот на работникот или ќе се користат „дупките во законот“?

Минималецот во Македонија се зголеми на 14.500 денари, но дел од текстилните работнички на Истокот се пожалија дека од 1 јануари им се укина храната и превозот, за сметка на зголемувањето на минималната плата. Ваков проблем имаат работничките од Делчево. Тие самите ќе го покриваат превозот и хрaната, со што во домашниот буџет нема да придонесат повеќе од претходно.

Од Здружението Гласен Текстилец од Штип рекоа дека укинувањето на храната и превозот е законски, но не е човечки.

Времето ќе покаже дали работодаците ќе бидат доследни и ќе исплаќаат минималец од 14.500 денари, или ќе продолжи праксата вработените дел од парите да им ги враќаат во кеш на газдите. 

Рубинчо Аризанкоски, секретар во Здружението Достоинствен Работник Прилеп вели дека ниту еден вработен во земјава од овој месец не смее да добива плата помала од 14.500 денари.

„Висината на минималната плата беше усогласена преку воспоставен социјален дијалог со сите релеванти социјални партнери, во договор со синдикатите и работодавачите. Зголемувањето на минималната плата треба да го подобри стандардот на работниците, но исто така треба да поттикнува и понатамошното зголемување на платите. Како здружение Достоинствен Работник сметаме дека работодавачите треба да го почитуваат покачувањето на минималната плата, иако им претставува допонителен товар, но треба да бидат свесни дека порастот на платите и субвеционирањето од страна на Владата се со цел за да се задржат работниците. Би потенцирале дека ова законско решение доведува до значаен товар за работодавачот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека на останатите 1/3 ќе им помогне за формализација на плата во плик“, вели тој.

Како здружение сметаат дека зголемувањето на минималната плата може да дојде до недоволна ефикасност во намалувањето на сиромаштијата, особено кога се работи за намалување на формалното вработување.

„Манипулацијата која ја врши работодавачот со исплата на минимална плата со збир на сите ставки е против законите и подлежи на тужбено барање од страна на работникот кон работодавачот. Според Законот за минимална плата се определува минималецот кој треба да го добие работникот за остварена работа во тековниот месец со полно работно време или сразмерно за оние со скратено работно време, како и за норминиран учинок“, додава Аризанкоски.

Досега во земјата 90 илјади граѓани примаа минимална плата од 12.500 денари

Како што во повеќе наврати најави премиерот Зоран Заев, се очекува растот на минималецот да ја отвори спиралата за покачување на платите во сите сектори.

Власта деновиве се пофали дека за 2.5 години минималецот го зголемиле за 5.500 денари.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести