ДАЛИ ПОЧНАА РЕСТРИКЦИИ: Протокот на руски гас кон Германија преку Јамал значајно се намалил
Протоците на рускиот гас кон запад преку гасоводот Јамал-Европа до Германија од Полска нагло се намалија во четвртокот (3-ти март), покажуваат податоците од операторот на гасоводот Гаскада.
Руските енергетски резерви се во центарот на вниманието поради тензиите на Кремљ со Западот и инвазијата на Украина. Русија ги нарекува своите акции во Украина „специјална операција“, јавува Ројтерс.
Рускиот гас сочинува околу 40 отсто на европскиот пазар на гас, додека преку гасоводот Јамал - Европа обично се трансфреираат околу 15 отсто од руското снабдување со гас од запад кон Европа и Турција.
Јамал не поминува низ Украина, туку преку Белорусија, до Полска и Германија.
Според податоците, испораките на гас паднале на само 598.712 киловат-часови (kWh/h) во четвртокот наутро од околу 17,5 милиони kWh/h претходно на мерното место Малноу.
Податоците од операторот Гаскада, исто така, покажаа прелиминарни понуди од 6,4 милиони kWh/h за следните 24 часа за снабдување кон запад, додека понудите за проток кон исток од 6,1 милиони kWh/h исто така останаа.
Новинската агенција Интерфакс објави дека снабдувањето со гас од запад преку рутата е резервирано до 3 март.
Германско-полскиот дел од гасоводот премина во обратен режим на 21 декември, бидејќи купувачите во Полска користеа складирани резерви од Германија, наместо да купуваат повеќе руски гас по високи цени.
